АНГЕЛЕСКИ ЈА ОДРЖУВА ВИСОКАТА ФОРМА

Стрелаштво: Белград

Во Србија имаше два важни настапа на стрелецот со воздушна пушка Мартин Ангелески, од клубот Херој Прилеп. Прво на Купот на Кикинда го освои првото место со 617,6 круга во квалификациите, со 252,4 круга во финалето. Потоа на Гран при во Белград кај јуниорите погоди 619,9 круга. Ова е одржување на високата форма од Светското во Египет, каде достигна резултат од 617,7 круга.

На 24 декември е последниот овогодишен натпревар во Прилеп.

Loading