ДЕСПИНА ДО ВОДЕЧКОТО ТРИО

Жени

Екипата Деспина со убедливи 4:1 (стрелци: Катерина Милеска два, Жељана Максимовиќ и Ана Боризоска по еден), го доби дуелот во Тетово со домашната Шкендија, во 11. последно есенско коло од фудбалската Прва женска лига на Македонија.  Така успешно заврши серијата од шест меча со победи. Билансот е 7 победи – 3 пораза. Поразите се токму од кандидатите за титулата, шампионот Љуботен од Тетово, претходниот шампион Саса од Каменица и од Тиверија од Струмица. Според резултатите, прилепскиот тим воден од тренерот Стевче Талески заслужено е веднаш до водечкото трио. Напролет е можноста за пробив погоре на табелата.

Табела: Љуботен 30, Саса 25, Тиверија 24, Деспина 21, Ас унитед 19, Скопје 13, Истатов 12, Речица 7, Шкендија 4, Борец 3, Кочани 2, Кул здравје 0.

Loading