КОЛКУ МОЖЕ ГОЛЕМО КОЊАРИ?

Трета

Има надеж дека некоја екипа може да ги расипе сметките на неготински Вардар, лидер во фудбалската Трета лига – Југ. Но, со времето, оптимизмот се намалува, оти Вардар само победува, нема ниту едно реми. По осум кола, Вардар има 24 бода, Превалец, Големо Коњари и Питу Гули по 19.

В недела не се очекува ништо ново, бидејќи Вардар е фаворит во Градско, со Локомотива. Интересно е во Крушево, каде Питу Гули го чека Превалец, а во Лажани Слога игра со Големо Коњари.

Други двојки: Канатларци – Бучин, Обршани – Младост.

Loading