АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Секој треба да се обиде да стигне  до новото време па макар и не успеал во тоа.

x

Под стреата на власта нема место за целиот народ.

x

Секој товар е незгоден, па бил тоа и пердув на грбот.

x

Горчливото утринско кафе не значи дека денот ќе биде сладок.

x

Без вистина нема ни демократија.

x

Не чекајте криза како шанса за преобразба.

x

Не беше доволно што ја носеше во срцето. Му ја однесоа со – автомобил!

Д-р Хаџи-Васков

Loading