ЛИДЕРОТ СТРУГА Е ВО ПРИЛЕП

Фудбал: Победа

В среда (14 ч.) е почетокот на вториот круг од фудбалската Прва лига на Македонија, во чија рамка и мечот Победа – Струга. Прилепскиот тим, иако претходно освои само бод (1:1 со евро-голот на Хамза Рамани) дома против Академија Пандев, сепак, имајќи предвид дека победи во Кратово, па има зголемување на бодовното салдо од 4 на 8 бода. Така, со оптимизам се очекува дуелот со Струга, водечка на табелата со 25 бода, со само 1 пораз. Пред два и пол месеца во Струга беше 3:0 за домаќинот.

Во средата за Купот, Победа – Македонија ЃП (0:2).

Loading