ЧУРЛИНОВСКА Е ПОВИКАНА ЗА ЕВРОПСКО

Ракомет

Селекторот на ракометната женска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, го објави списокот од 19 ракометарки за претстојното Европско првенство. Меѓу нив е една прилепчанка, голманката Матеа Чурлиновска од екипата Куманово. Голем успех за неа, со оглед дека има само 16 години. Покрај неа, во репрезентацијата се повикани поискусните голманки, 18-годишната Марија Јовановска (Куманово) и 22-годишната Јована Мицевска (Ница, Франција). Европското првенство стартува на 4 ноември и ќе се одржува во Македонија (сала “Борис Трајковски” во Скопје), Црна Гора и Словенија. Македонија е во Ц-групата со Франција, Холандија и Романија. Поради ова, женската Супер лига паузира, по поразот на Деспина со 26:21 од Астибо во Штип.

Во машката Супер лига, викендов Прилеп дома игра со Куманово.

Loading