АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Нема време за левица, па десница, туку само директ.

x

Од маќеата не може да го добиете мајчиниот јазик.

x

Меѓу луѓето се гнездат се’ повеќе  – нелуѓе.

x

Секојдневните настани нека бидат подоцна, убави спомени.

x

Без добро пешачење нема одење напред во животот.

x

Кога секој се бори за сопствени интереси никој нема право да се бори за туѓи.

x

Многу диреци пречат во животот, а не само оние без стативите.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading