ПРВО ВИСТИНСКО ДЕРБИ

Трета

Досега се играа интересни натпревари во фудбалската Трета лига – Југ. Но, првото дерби ќе биде в недела во Неготино. Таму се среќаваат домашниот Вардар и крушевскиот Питу Гули. Вардар ги совлада сите и има максимални  15 бода. Питу Гули само два помалку, бидејќи има едно реми.

Во претходното коло Обршани – Вардар 1:3, Питу Гули – Локомотива 7:3. Без пораз, со 4 победи и 1 реми е уште Големо Коњари, кое во Тополчани со 3:0 го победи Канатларци. В недела Големо Коњари е фаворит дома со Обршани.

Други двојки: Бучин – Слога, Локомотива – Росоман, Марена – Канатларци и Превалец – Младост.

Loading