ПРВ РИВАЛ Е БОРЕЦ

Жени

Викендов почнува новото првенство од Првата женска фудбалска лига, со 12 тима. Прилепскиот тим Деспина, в сабота (16 ч.) на игралиштето со вештачка трева, домаќин е на велешки Борец. Интересен дуел од неколку аспекти. Засилената Деспина, со новиот тренер Стевчо Талески и петте нови фудбалерки, има амбиција за пласман во горниот дел од табелата. Тоа треба да се покаже уште на стартот, против Борец, кој минатото првенство беше на 6. место, две погоре од прилепчанките. Две фудбалерки, Србинки (Николина Батиниќ и Жељана Максимовиќ) летово преминаа од Борец во Деспина. 

Во Првата лига учествуваат уште: Скопје, Истатов и Кул здравје (Скопје), Љуботен и Шкендија (Тетово), Саса (Каменица), Речица (Куманово), Тиверија (Струмица), Ас унитед (Струга ) и Кочани.

Loading