КОЈ ЌЕ ГО СПРЕЧИ ВАРДАР?

Трета

Новото првенство од Третата фудбалска лига – Југ почна со две победи на гости, Марена – Вардар Н. 0:2, Обршани – Питу Гули 1:4. Се наѕираат ли првите кандидати за првото место? Во минатото првенство Вардар немаше проблеми да го освои врвот. Сега ќе треба да минат барем пет-шест кола да се види дали има некој што ќе му застане на патот. В недела е дербито Вардар со Превалец, тим кој со 1:0 дома ја совлада Локомотива. Крушевски Питу Гули пак гостува, овојпат во Бучин, тим кој со 1:0 е поразен во Големо Коњари. Новиот третолигаш Канатларци нема свој терен и е домаќин во Тополчани. Таму одигра 1:1 со фаворитот Росоман. В недела Канатларци гостува на Слога, Росоман дома со Обршани, а Г. Коњари пак дома, со Марена.

Од минатото првенство ги нема Динамо (Мажучиште), Ново Црнилиште и Возарци.

Loading