ПРИЛЕП ПОЧНУВА СО АЛКАЛОИД

Ракомет

Викендов стартува машката ракометна Супер лига. Екипата на Прилеп, водена од новиот тренер Реваз Чантурија, во салата ,,Ричко,, (в сабота во 18,30 ч.) прв противник има во скопски Алкалоид, новиот суперлигаш. Нов, непознат ривал, но, според името, треба да се очекува силен отпор. Дуелот е од А-групата, каде се уште мечевите: Бутел – Охрид, Вардар Н. – Вардар С. и Струга – Куманово. Борбата е за првите четири места кои водат во плеј-офот, додека другите се за плеј-аутот.

Прилеп е со подмладен играчки кадар и му претстои битка за опстанок. Шестмина заминаа, а дојде искусниот пивот Пеце Ѓорѓиески од Струга. Потенцијален нов е и Грузиецот Уча Гамзардија, среден бек, кој беше на проба и одигра неколку пријателски меча. Екипата имаше пет летни проверки, со Струга (29:29), Тиквеш (19:24), на турнирот ,,Миле Нешковски,, со ПАОК (28:26), Струга (27:26) и Дубочица во финалето (24:36).

Женската Супер лига стартува на 10 септември.

Loading