ПЕРАК ГО ОСВОИ ТУРНИРОТ

Пионери

Прекрасен фудбалски турнир е зад нас ,,Прилеп куп 2022,, за пионери, во организација на ФК Прилеп (ФШ Тони) и Општина Прилеп. Три дена децата му се радуваа на фудбалот на Могила и на теренот со вештачка трева. Најмногу први места освоија битолчаните (три – две Пелистер и едно Талент БТ), по едно охридски Фер-плеј, штипски Мал Ајакс и прилепски Перак. Екипата Перак од професорот Зоран Димоски победи во категоријата родени 2014, каде во финалето со 2:1 го совлада Пелистер. Од Перак се најдобрите – голманот Теодор Јорданоски, играчот Петар Тофилоски.

Присуствуваше и градоначалникот д-р Борче Јовчески.

Loading