ТРИ ДЕНА ТУРНИР „МИЛЕ НЕШКОВСКИ“

Ракомет

Денеска почнува тридневниот Меморијален ракометен турнир ,,Миле Нешковски,, кој се одржува по седми пат. Првиот собир е пред споменикот на Нешковски кај Универзалната сала. Од 18 часот првиот дуел во СОУ “… Ричко”,, меѓу Прилеп и грчкиот ПАОК. Потоа е дуелот на српската Дубочица и скопски Мулти есенс. Утре (сабота) има натпревари претпладне од 10 часот, ПАОК – Струга и Дубочица – Скопје, вечерта од 18 часот, Прилеп – Струга и Скопје – Мулти есенс. В недела се мечевите за пласман, во 9 часот за петто, во 11 за трето и во 13 часот финалето, по што е доделувањето на наградите.

Турнирот е можност за дотерување на формата на суперлигашот Прилеп, предводен од новиот тренер Реваз Чантурија.

Loading