ЕВРОПСКО СО НАЈВИСОКИ ОЦЕНКИ

Спортско моделарство

Прилеп пет дена беше домаќин на Европското првенство во спортско воздухопловно моделарство, слободнолетечки модели. Организатирите, ФАИ, ВФМ и клубот Фил феникс од Прилеп овозможија услови за 186 пилоти-моделари од 26 држави.

Поради бројноста на учесници, локацијата беше на поголем простор кај селото Веселчани наместо спортскиот аеродром кај Мало Коњари.

На Европското му претходеше дводневниот светски куп под името ,,Трофеј на Прилеп,,.

На Светското јуниорско првенство во Бугарија, во Ф-1-А петто место освои прилепчанецот Лука Најдоски. Секунди го делеле од медал. Меѓу 46 учесници се покажа и клупската другарка Анастасија Пожарска на 36. место со значајни бодови.

Loading