ТАЛЕСКИ Е ТРЕНЕР

Фудбал: Деспина

Нов тренер на женскиот фудбалски прволигаш Деспина е Стевчо Талески, некогашен фудбалер на Варош, Прилеп, доскорешен стручњак во Школата од Победа. Негов асистент е досегашниот тренер Диме Аџулески. Повеќе од три недели се подготовките за новото првенство, во кое амбиција е подобар пласман од осмото место освоено пролетоска.

– Атмосферата е работна. За разлика од порано, редовноста на тренинзите е како што треба. Оптимист сум и ценам дека постепено ќе одиме кон прогрес – изјави Талески.

Кон таа цел се и новите фудбалерки – три од странство, голманката Иман Шљиво од Босна и Херцеговина, за врска Николина Батиниќ и напад Жељана Максимовиќ од Србија, покрај Јована Павловска од битолски Атлетико. Одиграни се три пријателски меча, со Порече, Тиверија и Саса.

Првенството стартува во септември.

Loading