ШАМПИОНОТ Е ПРВ РИВАЛ НА ДЕСПИНА

Жени

Според ждрепката во Ракометната федерација на Македонија, женската екипа Деспина е во Б-групата од Супер лигата. Таму ривали се шампионот Ѓорче Петров, Металург и Кузман Вардар (Скопје), Астибо (Штип), Овче Поле (Свети Николе), Стружанка (Струга) и Феникс (Битола). Првите четири влегуваат во плеј-оф, другите во плеј-аутот. Деспина на 10 септември го игра првиот меч, кај фаворитот Ѓорче Петров. Прилепскиот тим кој минатото првенство беше седми, има подмладен состав, без заминатата Сања Цветкоска во Пелистер.

Loading