ТУРНИР СО 48 ЕКИПИ

Пионери

Претстои масовен фудбалски турнир, каков немало во Прилеп. Во организација на ФК Прилеп и Општина Прилеп, три дена, од денеска до недела, е фудбалскиот турнир ,,Прилеп куп,, со учество на 48 екипи од цела Македонија. Се работи за пионерски тимови меѓу 8 и 13-годишна возраст. Според тоа, мечевите се во шест возрасни конкуренции, во секоја по осум тима. Убава идеја со која за можност на младите таленти да одиграат повеќе натпревари и за придонес за нивниот развој. На располагање за првите два дена по бод-систем се терените со вештачка трева и на Могила, а за финалните натпревари в недела е најавено одигрување на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,.

Последниот голем турнир во Прилеп за млади фудбалери беше пред 17 години, со учество на белградски Партизан.

Loading