КОГА ЌЕ ЗАИГРА ЃУРКОВИЌ?

Фудбал – Победа

Симпатизерите на Победа се повеќе се распрашуваат кога ќе заиграат новите фудбалери кои досега не беа во екипата на првите два првенствени меча. Првенствено се работи за стоперот Огнен Ѓурковиќ од Србија. Тој совреме бил регистриран за прилепскиот прволигаш и имал право да настапи. Млад е, 20-годишен, со искуство од Будуќност Дабановци, Жарково, белградските Телеоптик и Партизан. Во Победа нов е и голманот Ѓорѓи Јованоски, кој е покрај Дарко Тофилоски и Даниел Котевски. Под надзор на тренерот Бобан Бабунски тренираат и двајца Нигеријци – Амос и Џејмс. И за нивните настапи се чека со нетрпение за да и помогнат на Победа во почетокот од сезоната, по првите два пораза.

По стартниот во Струга (0:1), доживеан и вториот, дома со Тиквеш (0:1) па се негува надеж дека со некој нов може да се постигне нешто повеќе. Во неделата се појави Марко Симуновиќ, во одбраната Методија Делов. Претходно дебитираа бранителот Игор Паноски, за врска Хамза Рамани, левите странични Агон Хани и Христијан Коцев.

– Се подобруваме во сите линии. Далеку сме од очекуваното, но од натпревар во натпревар ќе напредуваме – вели стратегот Бабунски.

Третиот меч е в сабота (17 ч.) со Македонија ЃП во Скопје.

Loading