ОДЛИЧЕН НАСТАП НА ТРИО ДОЛЧЕ ВО РИМ

ТРИО ДОЛЧЕ, во состав Андријана Дукоска – виолончело, Светлана Богданоска Ристоски – флејта, и Марија Шамоска Буџаковски – пијано со поддршката од ЦК “Марко Цепенков” се претстави на реномираниот фестивал „Музикале делле назиони – Цонцерти дел Темпиетто”, во Рим. Среќни се за долгите аплаузи и успешниот концерт каде учествуваат познати музички имиња во класичната музика.

-Незаборавно искуство, бидејќи концертриравме во прекрасниот амбиент на римскиот театар пред публика која нé почести со долготрајни аплаузи и овации “брависимо”. Концертот се реализира на високо професионално ниво. Се промовиравме како уметници и ја промовиравме македонската музика – велат од триото кое извело дела од познати композитори, а и од македонскиот Трајко Прокопиев, “Дојранка”

Достојно е претставена Македонија во светски рамки, а организаторот најавил долга соработка во иднина за нови и поуспешни проекти.

-Заедничкото музицирање, без разлика дали се работи за проби, концерти или натпревари, најпрво е уживање. Различните карактери и темпераменти прават кохезија која секој следен пат нé носи на различно патешествие, преку она што е парче од нашиот идентитет, а тоа е музиката – истакнуваат од триото.

Трио Долче активно концертираат во многу градови низ земјава. Изведува композиции од сите стилски епохи.

Loading