СТАНОЈОСКИ СО 5,5 ПОЕНИ ОД ОЛИМПИЈАДАТА

Шах

На Олимпијадата во шах во Индија зеде учество Македонија, чија прва табла беше велемајсторот Звонко Станојоски. Прилепчанецот освои 5,5 поени на 10 партии. Победи со претставниците од Бермуда, Шри Ланка, Либан и Тринидад Тобаго, ремизира со од Чешка, Велс и Салвадор, загуби од шахистите на Франција, Египет и Норвешка. Најтежок противник имаше во норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен, светски шампион. Македонија го освои 70. место меѓу 188 држави, а победник е Узбекистан.

На Олимпијадата настапи и велемајсторот Домарају Гукеш, минатогодишен член на ШК Прилеп, кој со девет поени од 11 партии придонесе за третото место на Индија.

Loading