СПЕКТАКЛОТ Е НА 14 АВГУСТ

Фудбал – Победа

Според распоредот на Првата фудбалска лига, екипата на Победа во 1. коло на 7 август е гостин на Струга. Од мечот се очекува барем бод да биде расположението како што треба веќе на наредниот дуел, на 14 август. Тогаш дома Победа ќе се сретне со Тиквеш. Илјадници гледачи од Прилеп и Кавадарци, спектакл. Други интересни дуели дома се Победа – Шкендија (2 октомври) и Победа – Шкупи (27 ноември).

Прилепскиот тим под водство на тренерот Бобан Бабунски се подготвува 25 дена. Има приклучок на нови фудбалери: за врска Хамза Рамани (Беласица), стоперот Методија Делов (Тиквеш) и левиот страничен Христијан Коцев (Македонија ЃП). Клубот преговара со уште неколкумина, а на проба се од Нигерија, Србија, како и домашни фудбалери. Досега заминаа: Оливер Христов, Дарко Анѓелески, Борче Сркески, Благој Истатов, Давид Јошески, Марио Дебрешлиоски, Филип Димоски и Даниел Карчески.

Во врска со пријателските дуели, по Брегалница (пораз со 2:0) и Работнички (0:0), в сабота е третиот, во Струга, а в среда дома со Егнатија од Албанија.

Loading