ЛЕБЛЕБИЈАТА Е БИЛКА НА ИДНИНАТА

Леблебија или наут е зрнеста храна богата со протеини. Наликува на соја. Начините за приготвување се различни. Може да се користи како вариво, мелена како брашно за правење леб… Леблебијата може да се јаде пржена, како семки. Наутот е одличен додаток на супите. Ако се сомеле и со додавање на малку маслиново масло и зачини, се добива одлична маст за леб.

Наутот помага во борбата против дијабетесот.  Дијабетичарите тип 1 кои често концумираат храна богата со растителни влакна, имаат намалено ниво на гликоза, а дијабетичарите тип 2 можат да го подобрат нивото на шеќер во крвта, липиди и инсулин. Се препорачуваат 21-25 грама диетални влакна дневно за жени и 30-38 грама за мажи.

Железо, фосфати, калциум, магнезиум, манган, цинк и витамин К во леблебијата придонесуваат за здравјето и јачината на коските. Треба да се биде претпазлив за минералите, бидејќи премногу фосфор и премалку калциум може да резултираат во ослабување на коцките.

Најважните промени да се намали крвниот притисок е да се јадат намирници сиромашни со натриум, а токму таква е наутот. Содржи и калиум, важен за нормализирање на крвниот притисок.

Леблебијата е богата со нерастворливи влакна. Додека растворливите помагаат во одржување на жолчката под контрола, нерастворливите го забрзуваат варењето и помагаат при слабеење, оти даваат чувство на  ситост.

За вегетаријанците се недостапни протеините кои можат да се добијат од храна од животинско потекло. Да го надоместат недостигот на протеини, најдобар избор е наутот и интегралната пченица. Ова е добар извор на протеини без додавање на калории и незаситени масти.

Манганот помага во производството на енергија. Една чаша наут два или трипати неделно е доволно за полнење на батериите за цела недела. Најдобро е да се јадат како закуска.

Леблебијата е богата со железо, важен природен додаток за жените.

Растворливите влакна помогаат во одржувањето на шеќерот во крвта под контрола. Наутот обезбедува бавно согорувачка енергија.

Редовното земање на наут го намали лошиот холестерол. Високиот холестерол може да предизвика мозочен и срцев удап, а наутот природно го намалува лошиот холестерол.

Леблебијата содржи фолна киселина и магнезиум, добри за очите и зголемување на протокот на крв.

Loading