КОПРИВА, И КАШЛИЦАТА СИ ОДИ ВЕДНАШ  

Копривата со години е дел од традиционалната медицина. Младите листови од коприва се јадат, а целата билка е лековита. Најдобро е да се приготвува чај и да се пие еднаш дневно. Копривата изобилува со витамините А, Ц, К и дел од витамините на Б комплекс. Од минералите влегуваат калциум, железо, магнезиум… Ги содржи и сите есенцијални аминокиселини…

Традиционално копривата се употребува кај болести на уринарните патишта и за чистење на крвта. Се користи кај анемија, дигестивни проблеми, тешкотии со дишењето и астма, кај ревматски заболувања, за пад на високиот крвен притисок, кај камен во бубрег, против несоница, за гинеколошки проблеми и за здравје на црниот дроб. Копривата успешно го намалува шеќерот во крвта. Може да помогне и кај проблеми со зголемена простата. Го штити црниот дроб од токсини, тешки метали и воспаленија. Претставува природен диуретик. Му помага на телото да ја исфрли непотребната вода и сол, задржани во ткивата, а со тоа привремено го намалува и високиот притисок. Облоги од коприва се ставаат на зглобови и болни местаза намалување на болките кај артритис. Копривата содржи најмногу железо. Таа е број еден за лекување на анемија. Најдобро би било да приготвите чај од оваа лековита билка. Лажица сув лист коприва се прелива со 200 мл зовриена вода и се остава 10 минути. Чајот се цеди. Се пие млак. Се препорачуваат дневно три чаши пред оброк.

Loading