ДУЕЊЕ НА БАЛОН ЗА ЗАКРЕПНУВАЊЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

Какви последици остава корона вирусот? Поради тоа што короната го напаѓа респираторниот систем, белите дробови се на најголем удар. Доколку го издржаат вирусот, остануваат најоштетен орган. Пулмолозите советуваат како на белите дробови да им ја вратите ослабената функција. Може тоа да се направи со вежба со балони. Се препорачува терапија за закрепнување да се олесни периодот на реконвалесценција и да се подобри здравствената состојба.

Вежби за  еластичност на белите дробови. Превенцијата е подобра и од лекувањето, особено со инфекцијата ковид 19. Градбата на подобра отпорност на дишните патишта и на имунитетот нé става во подобра положба да се избориме со нешто непознато, доколку сепак се случи да се заразиме. Луѓето со послаб или оштетен респираторен систем или со послаб имунитет, се поподложни на било кој вирус. Затоа може во домашни услови да се изведуваат вежби за раст на еластичноста на белите дробови, бидејќи функцијата почнува да опаѓа после 29 години. Изведувањето на специфични вежби за јакнење на белите дробови, ја подобруваат кардио издржливоста. Колку се поотпорни белите дробови, толку се отпорни и борбата против вирусните инфекции е поуспешна.

Еве еден марифет. Земете балон, за роденденски прослави. Со двете раце се става врвот на балонот на усните. Се надува балонот, така што воздухот се “доведува” директно од дното на белите дробови. При тоа, да не се дујат образите. Балонот не се трга од усните меѓу вдишувањата, туку се дише само преку нос. Кога ќе се надуе еден балон, почнува дуењето на втор, така додека не се надујат 5 балони. Без пауза.

Оваа вежба се прави секој ден за јакнење на белите дробови. Може и фамилијарно да се вежба, дури и да се претвори во натпревар. Треба да се биде внимателен, бидејќи е можна несвестица, ако се има лоша форма. Значи, колку што се може.

Loading