КОНЦЕРТ НА КУД СТИВ НАУМОВ

Вечерва од 19 ч. во Ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”, КУД “Стив Наумов” од Битола ќе одржи целовечерен концерт со дела на Архангелски, Христов, Коџобашија, Мокрањац, Гајдов, Скаловски, Шуплевски…

КУД “Стив Наумов” постои 75 години. Мешаниот хор има 34 члена, кој, иако е аматерски, функционира како професионален. Учестувал на бројни фестивали и манифестации во земјава и странство, а добитник е на многу награди и признанија.

Loading