„ДЕНОВИ СО ПОЛНА МЕСЕЧИНА” ОД ВИТОМИРКА ТРЕБОВАЦ

„Денови со полна месечина” од Витомирка Требовац, чиј  препејувач е Звонко Димоски, а дизајнот на Ѓорѓи Десподов, е книгата која беше промовирана деновиве.

Витомирка Требовац родена е 1980 година во Нови Сад и досега има објавено повеќе збирки поезија.

 „Денови со полна месечина” е нејзиниот прв објавен препев на македонски јазик, којшто воедно е втората книга од едицијата „Женска Балканска Рурална Поезија”, реализирана во рамките на Проектот РЕАД – Регионална Мрежа за Културна Разновидност”, финансиран од Европската Унија.  Лани беше издадена првата книга од едицијата, односно „Мојата мајка знае што се случува по градовите” на српската поетеса Радмила Петровиќ.

Регионалниот ЕУ проект Регионална мрежа за културна разновидност – РЕАД има за цел да промовира вештини за читање меѓу различните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот. Проектот го спроведува Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации: Центар за балканска соработка – Лоја (Северна Македонија), Институти и Либрит дхе и Промоционит (Албанија), Калем Цултуре Ассоциатион (Турција), Ассоциатион Крокодил Крокодил (Србија) и Љендра Мултимедиа (Косово). Проектот е финансиран од Европската унија.

Loading