СЕЛЕКТОРОТ ПОВИКА ЧЕТИРИ ОД ДЕСПИНА

Жени

Деспина заврши седма на табелата од Женската лига. Скромниот пласман не е причина селекторот на А-репрезентацијата на Македонија, Љубомир Савевски да ја изземе прилепската екипа при својот избор. Така се случи да повика дури четири прилепски првотимки на собирот во Скопје, меѓу 24 ракометарки родени 2006 и 2007 година. На изборниот тренинг беа: Маја Ристеска, Ангела Конеска, Исидора Котевска и Магдалена Ѓорѓиоска.

Клупската школа во континуитет ниже плодови. Годинава генерацијата родени 2006, стана државен вицешампион.

Loading