ПРОМОВИРАНА “СОНЦЕТО И КРАЛИЦАТА НА ТЕМНИНАТА”

Бел ден виде приказната “Сонцето и кралицата на темнината” на текст на Оливера Андоноска, илустрации на нашиот уметник Александар Џинго. Тоа е верзија на авторите, на детството, на топлото пријателство со посебната другарка, планетата Земја, за наконтени ѕвездички… и за една кралица, љубителка на мракот.  

Приказната е создадена со пријави на вербално и физичко насилство меѓу децата од најрана возраст. Ја одразува различноста, го поттикнува секое дете да биде свое, да верува во себе, но и да е љубопитно за различните од себе, затоа што открива нови светови и станува побогато и толерантно. Пораката е дека само љубовта и другарството се умна работа, а омразата, потсмевањето и насилството се глупави.

На сонцето му се потсмевале другите ѕвезди. Не сакале да другаруваат. Тоа било осамено и тажно, како многу деца кои поради изгледот, облеката, начинот на зборување, инаквото размислување, поставување на прашања, необичната фантазија…

Loading