НОВ РОМАН ОД БЛАГОЈЧЕ НИКОЛОСКИ

“Ако има утре” е новиот роман од младиот писател Благојче Николоски. Композициски е пишуван во просторни епизоди кои авторот умешно ги манипулира и преплетува, да го остави читателот во лимбо позиција на исчекување и напнатост. Секоја епизода е дел од сложувалката која бара внимателно следење на книжевните патувања низ Франција, Русија, Македонија и Италија за да се стигне до конечната дестинација, животната приказна на хероината чија животна патека и не е најважната во романот. Преплетувањата на настаните, авторот, со помош на живите дијалози успева да ја долови состојбата на телото и умот на ликовите и како читатели успеваме да навлеземе во нивниот свет полн со тајни, болка, среќа проткаени со нишки љубов – краткотрајна, но неопходна. Богатите описи на локациите и потребата од нивна објективизација го прави умешен автор во мешањето на фактот со фикцијата, по претпоставка дека авторот сака да покаже дека секоја човечка судбина е реална, сурова и не така далечна од сите.

Романот ги следи животните патишта на главните ликови Катја и Аљоша, чии животни приказни се како двете страни на полноќта – слични, но различни. Во сета таа конфузија на болка, смрт, крвопролевање и страдање љубовта успева накратко да го најави утрото кое, како симбол за новото поттикнува мал восклик на среќа.

Николоски е млад и надежен автор со две книги зад себе, “Крвавата роза” и “Црвени ветрови”. Со третиот роман, го збогатува книжевниот и културен развој.

Loading