МИНИЈАТУРИ ОД ЗОРАН АРСОВСКИ

Во ликовната галеријат на ЦК “Марко Цепенков” вечерва ќе биде отворена изложба на шеесетина минијатури “Тектонски пореметувања” од визуелниот уметник Зоран Арсовски – Бабата. Делата се во маслена и акрилна сликарска техника. Познат по своите концептуални изложби кои секогаш носат силни пораки на еден необичен свет што е реален како и секој друг и живее на сликарското платно. Но, во окото што молчи, гласно ги изразува своите пораки во зависност од перцепиентот. Интимната авторска креација е посветена на еколошката идеја.

Дипломирал и магистрирал во Софија. Имал 14 самостојни изложби од кои дел на меѓународната ликовна сцена. Учествувал на повеќе групни изложби, колонии, проекти, работилници и симпозиуми во земјава и странство. Член е на ДЛУМ. Добитник е но повеќе награди и признанија.

Loading