АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не треба да се делиме на наши и ваши туку секој да биде свој и за сите.

х

Ги исекоа дрворедите, а на граѓаните им ја оставија тревата ама тие не пасат!?

х

Нема мали и големи улоги, има само мали и  големи артисти.

х

Караваните слободно минуваат откако на кучињата им беа фрлени коски…

х

Кога туѓинецот доаѓа да ти ја води куќата – избркај го!

х

Не може да се колне дека е за слободата, кога под тоа подразбира само слобода за неговите желби.

х

Кога власта ќе стане сласт веќе е во транс!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading