ПРАЗЕН ВИКЕНД

Ракомет

Викендов нема натпревари ни во машката ни во женската ракометна конкуренција. Причина се полуфиналните и финалсните мечеви од купот, каде не учествуваат прилепските екипи. Машката екипа Прилеп во плеј-аутот од Супер лигата, по поразот од Пролет во Скопје (27:24), следниот дуел го има на 21 мај дома со Струга. Женската екипа Деспина, во плеј-офот од Супер лигата, по поразот со 17:29 дома од Ѓорче Петров, на 22 мај ќе му гостува на Пелистер во Битола.

Прилеп се бори за второто место, Деспина за шестото.

Loading