ЗАГРЕВАЊЕ ЗА ПЛЕЈ-ОФОТ

Пинг-понг

Претстојат уште само две кола од основниот дел на пингпонгарската машка Супер лига, каде борбата е за тоа кој ќе биде прв, кој втор. В недела во Скопје лидерот и актуелен шампион Младост 96 (има 28 бода) игра со скопскиот тим Рисови, а втората Крива Паланка (има 27 бода) за ривали ги има Рисови и штипски Шампион ФА. Плеј-офот, во кој ќе влезат четирите најдобри, почнува на 21 мај.

Вториот прилепски тим, Младост (шести со 18 бода) ќе игра против Радовиш и скопски Телеком нец 2.

Loading