ЗАВРШИ „ЕСЕНСКИОТ“ ДЕЛ, ПОЧНА ПРОЛЕТНИОТ

Трета лига – Југ

Забрзано се игра првенството во Третата лига – Југ, со оглед на тоа што есеноска воопшто немаше натпревари, а лигата стартуваше дури пролетва. Тоа што секогаш се нарекувало прв круг или есенски дел (од 13 кола) заврши пред две недели, па веднаш почна вториот круг, кој всушност е оној што отсекогаш се означува како пролетен дел. Интересна е трката за првото место. Во средата се одиграа двата заостанати меча, во Неготино Големо Коњари – Вардар (0:3) и  Возарци – Бучин (2:1), а в недела има нови возбудуваља. Пред се привлечен е дуелот Ново Црнилиште – Вардар, каде солидниот домаќин го дочекува лидерот на табелата.

Коло има и в среда, каде интересен меч е Динамо – Големо Коњари, на игралиштето со вештачка трева во Прилеп.

Loading