20 УМЕТНИЦИ НА ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА НА ДЛУП

Дела на 20 уметници, членови на ДЛУП, ќе бидат дел од годишната изложба на ДЛУП (Друштвото на ликовните уметници на Прилеп) 2022 што ќе биде отворена вечерва од 19:30 часот во ликовната галерија на  на ЦК “Марко Цепенков”.

-Одржувајќи го континуитетот на неуморна ликовна креација, членовите ќе го промовираат најновото сопствено творештво. Се претставуваат во различни техники и материјали прикажувајќи ја страста за сликање. На  уметноста í е потребен континуитет за да се пренесе на идните генерации. Се надевам дека ќе оставиме белег од општествено и културно значење – вели Методи Исков, претседателот на ДЛУП.

Loading