МЛАДОСТ 96 И ВРАТИ СО КАМАТА НА КРИВА ПАЛАНКА

Пинг-понг

Нема веќе непоразена екипа во пингпонгарската машка Супер лига, по заслуга на прилепскиот клуб, македонски шампион, Младост 96. Успеа да го совлада досегашниот лидер на табелата, Крива Паланка со високи 4:1. Тоа е враќање со камата за поразот од истиот противник есеноска, кога беше 4:3. Со оглед на тоа што претходно кривопаланчаните беа слободни, а прилепчаните го совладаа Вардар со 4:0, Младост 96 го презеде лидерското место со бод предност. До крајот на основниот дел на лигата остануваат уште две кола, на 8 мај, во кои Младост 96 има меч со скопски Рисови, а К. Паланка два дуела, со Рисови и со штипски Шампион ФА. Треба да се почека до плеј-офот и борбата за титулата на четирите најдобри.

Вториот прилепски тим, Младост, по победата од 4:0 врз Работнички, до крајот ќе игра уште со Радовиш и Телеком нец 2.

Табела: Младост 96 – 28, К. Паланка 27, Шампион ФА 26, Телеком нец 2 – 22, Рисови 19, Младост и Радовиш по 18, Вардар 17, Работнички 16.

Loading