Таа е првата прегратка
што ќе ја
сетиш,
од нејзината утроба
кога ќе се одвоиш,
капката топло млеко
што ќе го испиеш,
првиот здив штом ќе
го издишеш.
Таа е првиот збор
што ќе го изговориш,
раката што ќе те
крене кога ќе паднеш,
белото шамивче очи
што ќе ти избрише,
тагата од првата
љубов да си ја
ослесниш.
Таа е насмевката на
матурската вечер
кога ќе заминеш,
горда на твоите
дипломи дома кога ќе
ги донесеш,
поддршка и првото
оро на твојата свадба,
и рацете што твоето
прво дете ќе го
прегрнат.
Таа е столбот
на твојот живот,
вечно исправена,
кога те дочекува и
испраќа,
со очи океани полни,
но сепак насмеана,
за не видиш колку
многу ја болат
заминувањата.
Таа е сé она што не
можеш во песна да го
опееш, во слика да го насликаш,
во животот исткаена,
во вените источена,
низ твоите деца во
иднина продолжена.
Таа е.. таа е .., онаа,
која секогаш ќе те
сака,
последната мисла кон
тебе и твоите деца.
Таа насебично
секогаш ќе се дава,
таа е… таа е твојата
МАЈКА.
Снежана Паноска