„МЕРАЧ“ НА ВРЕМИЊАТА „НОСЕНИ“ ОД  ГРАДСКАТА РЕКА

Градскиот часовник фатен од некој агол на чаршијата, некаде од кај градската река. Фатен во костец со старата архитектура на Прилеп. Часовникот уште се држи, иако е навален. Горд на историјата и на спомените од времињата наназад, кои се тајна на секој камен вграден во него.

Птиците на сликава потсетуваа дека уште во тоа време во центарот, виреат зелени раскошни дрвја кои се место за починка и песна на птиците. А градската река, со своето примитивно, природно корито, им овозможува да се разладат и искашкаат во калта.

Loading