КОЈ Е АТХЕ МАЗАРИ?

Фудбал: Многу нови во Победа

Според очекувањата, Победа го совлада Братство со убедлив резултат (4:1) на стартот од пролетниот дел во првенството на Втората лига – Исток. Од 15 фудбалери на победничкиот тим, дури седум се нови – Дарко Тофилоски, Јорданчо Наумоски, Филип Димоски, Борче Сркески, Оливер Христов, Благој Истатов и Атхе Мазари. Меѓу нив се стрелците – еден даде Димоски, три се дело на Мазари.

Публиката постојано се распрашува: Кој е тој Мазари? Сега постигна три гола, претходно на пријателскиот меч со Воска уште два. Тој е играч од нападот, мошне млад, 20-годишен. Пред две недели дојде од второлигашот Охрид, а роден е во Струга. Во неговата биографија пишува дека бил член на битолски Пелистер, тетовска Шкендија, Струга и Охрид. Од новите во Победа во наредните кола се очекува настап на Марио Наумоски, Христијан Поп-Антоски и Давид Дебрешлиоски.

Во следната рунда, в сабота, Победа му гостува на Детонит во Радовиш, а Братство, за кого еинствениот гол го даде новодојдениот Ахмет Реџепи, и гостува на Саса во Каменица.

Табела: Победа и Слога по 35, Саса 34, Беласица 31, Кожуф 20, Кит-Го, Детонит и Осогово по 19, Братство 7, Локомотива 6.

Loading