РАДИОТО БЕШЕ НАЈБРЗИОТ МЕДИУМ

Историја

Во дваесетттиот век немаше Интернет, па сите спортски резултати можеа најбрзо да се слушнат на радиото. Радиоапарати големи или мали како радиотранзистори имаше во секое семејство. Собрани околу нив, спортските љубители со уживање слушаа радиопреноси или спортски вести. Кога Победа гостуваше, улиците низ градот беа пусти – сите прибрани во домовите или дворовите слушаа пренос или јавувања на репортерите. Прво имаше на Радио Скопје, потоа и на Радио Прилеп. Поради големиот интерес, пролетта 1988 година Радио Прилеп вршеше директни преноси на гостинските натпревари на Победа во Втората југословенска лига – Исток.  Колку ли само радување имаше при преносот од Белград, каде Победа постигна сензационален триумф од 3:2 над фаворитот ОФК Београд. Попладнето на 28 април, прилепчани собрани во групи со радост го прераскажуваа преносот. Како да гледале како Влатко Досев и двапати Васко Гунев ги даваа головите.

Кога Победа победуваше, наредниот ден уште утрото се ,,разграбуваа,, весници во кои имаше извештаи за натпреварот.

Loading