УШТЕ ВО БИТОЛА И – ПЛЕЈ-АУТ

Ракомет

Викендов екипата на Прилеп гостува кај фаворитот Еурофарм Пелистер во Битола. Тоа е последниот меч од основниот дел на Супер лигата. Меч за добивање искуство на младиот прилепски состав. Претходно беше поразот дома со 21:30 од Охрид. По основниот, настапува многу поважниот дел, плеј-аутот. Токму за плеј-аутот екипата треба да е комплетна со враќањето на пивотот Александар Тренчевски од Финска. Дотогаш има време за да се види кои 5 екипи ќе бидат конкуренти во борбата за опстанок.

Табела: Еурофарм Пелистер и Вардар по 55, Еурофарм Пелистер 2 – 41, Бутел 39, Тиквеш 37, Охрид 34, Пролет 31, Металург 21, Струга 19, Прилеп 18, Скопје 6, Радовиш 3.

Loading