СИЛЕН ТЕСТ ЗА ДЕСПИНА

Жени

Две недели траат подготовките на женскиот фудбалски тим Деспина и време е за единствениот пријателски меч. В недела на игралиштето со вештачка трева во Прилеп ќе гостува силната екипа на тетовски Љуботен. Силата ја покажа есеноска со третото место на табелата. Во своите редови има фудбалерки од странство – по една од Бразил и од Венецуела, две од Србија. Добредојден е дуелот за ново искуство кај младиот состав на тренерот Диме Аџулески.

Прволигашкото првенство продолжува на 27 февруари, дома со битолско Атлетико.

Loading