СЕКОЈ МЕСЕЦ – ТУРНИР ВО ПРИЛЕП

Шах

Зачестуваат шаховските настани во градов со заложба на ШК Прилеп. Во неделата имаше брзопотезен турнир Гран-при со 12 прилепски шахисти. Секоја последна недела од месецот ќе има таков турнир. На последниот, при крајот на годинава, ќе учествуваат само оние со најголеми успеси на сите претходни. Така ќе се добие конечната табела од серијата турнири.

Засега место на одржување е просторијата на клубот во Старата чаршија, а напролет и в лето партиите ќе се играат на отворено.

Loading