МЕЧЕВИ СЕКОЈ ТРЕТ ДЕН

Ракомет

Стартува првенството од машката ракометна Супер лига и, според распоредот, се игра збиено среда-сабота-среда. По првиот меч во средата дома, Прилеп – Тиквеш (24:31), прилепскиот тим веќе в сабота и гостува на Струга, каде оди по мошне важни бодови. В среда е дуелот дома со шампионот Вардар, а во следното коло во Радовиш. Во основниот дел од лигата останува да се одиграат пет кола, по што ќе има плеј-аут од 10 кола. Екипата на Прилеп во битката за опстанок е засилена со младите Марио Гичев и Марко Трајковски (Тиквеш).

Плеј-офот од женската Супер лига стартува на 12 февруари, кога прилепска Деспина и гостува на Стружанка.

Loading