ШЕСТ ДРЖАВИ ВО ЧЕСТ НА ИЛИЈА КАРЕСКИ

Пинг-понг

В сабота во салата од ОУ ,,Добре Јованоски,, е Меѓународниот меморијален турнир ,,Илија Карески,, во чест на неодамна починатиот долгогодишен пингпонгар, тренер и функционер. Во пингпонгарската биографија пишува дека бил повеќекратен пионерски и младински шампион на Македонија, а со брат му Петар сениорски шампиони во двојки. Кога настапува за прилепска Младост, три години екипата беше без ниеден пораз. Во спомен на Илија Карески ќе има натпревари во конкуренции на кадети, јуниори и сениори. Најавено е учество на 80 пингпонгари од шест држави: Црна Гора, Косово, Србија, Грција, Бугарија и Македонија.

Организаторот, македонскиот шампион ППК Младост 96, за најдобрите обезбеди вредни награди.

Loading