ПРИЛЕПЧАНИ РАМНОПРАВНИ НА ДУБОЧИЦА

Ракомет

Дубочица влезе во плеј-офот и во борбата за титулата во најдобрата Аркус-лига на Србија, па затоа вредни се двата резултата што ги постигна прилепскиот суперлигаш Прилеп против клубот од Лесковац. Во првиот меѓународен пријателски меч беше 28:27 за српскиот тим (на полувреме прилепчаните водеа 19:16), а расположени стрелци беа Реваз Чантурија и Марио Гичев со по 6 гола, Давор Шокоски и Даниел Андоновски со по 5. И на вториот дуел драматично до  крајот, со изборено реми – 30:30. Овојпат најефикасен, со 10 гола, Христи Бикоски. Прилепскиот тим, иако без седуммина првотимци, убаво се претстави во Лесковац, а дводневниот престој е во прилог кон негување на пријателските односи со Дубочица.

Со 4 пријателски меча Прилеп го чека првиот овогодишен првенствен суперлигашки дуел дома, в среда, со Тиквеш.

Loading