ТАЛЕНТИРАНИ ГИМНАСТИЧАРИ

Историја

Во јуни 1975 година успешен настап имаа гимнастичарите на прилепски Партизан на Републичкото првенство во Битола. Во конкуренција на јуниори првото место го освои Страшо Ѓорѓиоски, а второто Звонко Петрески. Кај младинките се покажа Виолета Мицеска, второпласирана. И пионерите и пионерките блеснаа, со второто место екипно. Поединечно со трети места во своите групи се истакнаа Виктор Петков и Злате Чавлески.

Успесите беа низ макотрпна работа во скромната сала од ДТВ Партизан.

Loading