ПЕЧЕЊЕ ЦИГЛИ СО ПОТ И ЗОРТ

Денес се користат армиран бетон, дупла блок цигла, бехатон плочки, мермерни блокови за градење објекти и поплочување површини. Некогаш главен градежен материјал била печената тула. Се мачеле предците да направат материјал за ѕидање. Работеле во смени, без престан. Најнапред се барало салам земја, глина, за потоа да се обликува и да стане зајре за ѕидарите и тесарите. Со марифет се правеле тулите во калап. После се печеле циглите под оган, едновремено, топејќи ја и снагата. Од горештината работниците ги фрлале и алиштата.

Со пот и зорт се печеле тулите. Во денешно време има малку градби од плитари. И денес на сонце се суши градежниот материјал, но постапката е мошне поедноставена. Дробалки го мелат каменот, а мешалки ја прават смесата која потоа врви низ калапи.

Секој  занает има свој марифет. Но и за секоја работа треба да се спотни снагата.

Loading