Фудбал
Фудбалерите на есенскиот второлигашки лидер Победа по двонеделни тренинзи во Прилеп, од понеделник се селат во Дојран. Таму Стручниот штаб, предводен од Димитар Капинковски ќе реализира подготовки низ тренинзи и пријателски средби. Првата е на 27 јануари со Кожуф. Што се однесува до играчкиот кадар, односот на заминати-дојдени е 5:5. Дојдени се: голманот Дарко Тофилоски, за врска Јорданчо Наумоски (двајцата од Тиквеш), полушпицот Марио Наумоски (Брегалница Ш), напаѓачите Филип Димоски (Саса) и Благој Истатов (Воска). На списокот заминати – бранителите Андреј Петкоски и Дарко Дигаловски, за врска Кирил Неделков и напаѓачот Петар Најдов, се придодаде за врска Игор Момировски.
Во Дојран ќе има пријателски дуел и со Беласица, а потоа со Тиквеш и Воска.