ПАДОБРАНЦИ ОД ЦЕЛА ЈУГОСЛАВИЈА ВО ПРИЛЕП

Историја

Во август 1978 година Прилеп беше домаќин на Првенството на Југославија во падобранство.  Во скок од 600 метри првак стана Љубиша Наумовиќ (Србија), во футуристички скокови од 2000 метри со задршка од 30 секунди најдобар беше Драго Бунчич од Словенија. Во групни скокови од 1000 метри победи репрезентацијата на Словенија, пред Хрватска и Македонија. Скокаа и жени. Во дисциплината 800 метри победи Славица Лучиќ од Босна и Херцеговина. Најуспешен Македонец беше Велко Белчевски, кој во младинска конкуренција го освои првото место.

Организатори беа Воздухопловниот сојуз на Македонија и Аероклубот Прилеп.

Loading